ВИДЕО: Започна нов протест во Белград, центарот на градот под полициска опсада

Од:

Илјадници граѓани и вечерва се собираат на антивладин протест во Белград, по вчерашните повеќечасовни нереди и упадот на демонстрантите во српскиот Парламент. Збирно место за протестот, меѓу чии организатори е опозицискиот Сојуз за Србија, вечерва беше платото пред Филозофскиот факултет, од каде граѓаните низ центарот на Белград се упатуваат кон Собранието.

Според српските медиуми, центарот на Белград уште утринава бил под силно полициско обезбедување, а стотици полицајци во текот на денот се распоредени во и околу зградата на Парламентот.

Опозицијата бара формирање на преодна влада и нов Кризен штаб за борба против епидемијата, како и промена на врвот на полицијата по прекумерната употреба на сила на синоќешниот протест во српската престолнина.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање по повод настаните од вчеравечер, рече дека странски разузнавачки служби се вмешани во протестите, кои ги нарече „политичко насилство“.  Вучиќ рече и дека на протестот биле вмешани и „луѓе од земјите од поранешна Југославија“ и праша, „дали навистина некој мисли дека така може да се уништи една земја?“

Би можело да ве интересира

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Активисти ја пресретнаа и се расправаат со Ана Брнабиќ

А1он

Генералниот штрајк во Србија како форма на граѓанска непослушност, одговорија многу општествени групи

ВИДЕО: Србија во генерален штрајк на кој повикаа студентите

Катерина Ѓуровски

Започна осмиот по ред протест „Србија против насилството“

ВИДЕО: Српската опозиција призна дека објавувале и лажни фотографии со поголема посетеност