(ВИДЕО) Вучиќ: Зад нападот на полицијата и нередите стојат странски разузнавачки служби

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната прес конференција презентираше поинаква слика за вчерашните брутални протести во Белград.

„Синоќа во Белград бевме сведоци на најбрутално политичко насилство во последните неколку години. Република Србија во минатите осум години, за разлика од некои поранешни времиња, во целост ја почитуваше слободата на собирање и демонстрации, слободата на различни мислења и никогаш на ниту еден начин не го загрози тоа право на своите граѓани“, рече српскиот претседател Вучиќ.

Вучиќ на прес конференцијата презентираше фотографии од претепаните полицајци и истакна дека тие достоинствено се однесувале, бидејќи примениле сила дури во моментот кога објектот на Собранието бил загрозен од уништување.

„Полицијата изнудено и по прв пат во последните осум години примени сила“, рече Вучиќ.

Тој вели дека протестот бил незаконски, бидејќи не бил пријавен во полиција и бил во спротивност со сите правни акти.

„Лага е дека нема респиратори во Земунската болница. Тоа е ноторна лага. Лекарите користеле и инвазивни и неинвензивни методи и правеле се што треба да направат, се бореле до последна секунда. Во Земунската болница никогаш не ни недостасувал ниту еден респиратор“, одговори Вучиќ за обвинувањето од еден демонстрант кој изјави дека неговиот татко починал поради недостаток на респиратори во Земунската болница.

Вучиќ потенцираше дека нема да дозволи на никој од надвор и од внатре да ја загрози стабилноста на земјата.

Тој неколку пати во текот на прес конференцијата истакна дека протестот бил политички.

Вучиќ обвини дека на протестот биле вмешани и луѓе од земјите од поранешна Југославија и праша, „дали навистина некој мисли дека така може да се уништи една земја?“.

„Екстремистите во главно, десничарски и како тие сами се нарекуваат профашистички организации го нападнаа Собранието на Србија и влегоа во него што претставува две кривични дела. Два часа ги напаѓаа полицајците, ги навредуваа и каменуваа. Полицијата се однесуваше достоинствено, и одговори дури кога демонстрантите почнаа со оштетување на објектот на Собранието“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател упати забелешка и до безбедносните служби, бидејќи според него, протестот бил добро организиран.

„ Тука потфрли и дел од нашите безбедносни служби, бидејќи имаше и криминален и странски фактор, но тоа се наши внатрешни задачи кои нашата служба треба да ги реши“, рече тој.

Според Вучиќ, на протестот присуствувале и пристојни и мирни луѓе кои веднаш го напуштиле собирот кога виделе дека некои демонстранти ги напаѓаат полицајците.

Прес конференцијата ја искористи за да ги повика граѓаните да не одговорат на повиците за нов протест вечерва.

„Ги повикувам луѓето да не излегуваат на демонстрациите, ќе бидам овде, за да покажам дека не се плашам. Ќе бидам помалку одморен за разговорот со Емануел Макрон.

Ги молам луѓето да не излегуваат за да не дојде до други несакани случувања и да се однесуваат одговорно“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Од нас се бара признавање на Косово, санкции за Русија, Западот сака марионетски режим во Србија