Во земјотресот во Турција најмалку четири жртви и 120 повредени, урнати околу 20 згради

Од:

Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) соопшти дека во денешниот земјотрес загинале најмалку четири лица, а повредени се 120 луѓе.

Градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, рече дека добиле пријава оти се урнале околу 20 згради во земјотресот кој се случи во отворени води кај Измир, јавува агенцијата Анадолија.

Сојер даде изјава по земјотресот со јачина од 6.6 степени во Егејското Море, кај местото Сеферхисар во Измир.

Тој рече дека моментално немаат соодветни точни информации и дека добиле само некои пријави.

– Добивме некои пријави. Се урнале згради особено во Бајракли и Борнова. Се обидуваме да добиеме информации околу тоа. Не поседуваме информации за загуба на животи. Сега сме на пат. Добивме пријава дека се урнале 20 згради. Се обидуваме да стигнеме до Бајракли. Како што се гледа, најкритични места се Бајракли и Борнова, нагласи Сојер.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер го погоди утринава Егејското Море, поточно водите на подрачјето Сеферихисар кое припаѓа на западниот турски град Измир, потсетува Анадолија.

Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) потврди дека епицентарот на земјотресот е регистриран во 14:51 часот по локално време, во Егејското Море, 17 километри од брегот на Северихисар.

Наведено е исто така дека земјотресот, кој се почувствува и во Истанбул, е забележан на длабочина од 16,54 километри.

Гувернерот на Измир, Селим Кошгер, изјави дека сѐ уште нема информации за евентуалните жртви.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Берово и околината

Нов земјотрес во Скопје

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Земјотрес го затресе Скопје

Предраг Петровиќ

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

По петте земјотреси за 10 минути, на Халкидики и шести земјотрес