Во Загреб утре е Ден на жалост поради трагичниот напад во основното училиште Пречко

Од:

Градоначалникот на Град Загреб, Томислав Томашевиќ, ја прогласи сабота 21 декември за Ден на жалост во градот Загреб по повод трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште Пречко.

Млад човек (19) околу 10 часот упаднал во училиштето Пречко и со остар предмет повредил неколку ученици, од кои еден починал, а наставничка e тешко повредена.

Истрагата се уште е во тек. Министерката за здравство Ирена Хрстиќ изјави дека пет лица се во болници и сите во моментов се надвор од животна опасност. Тројца ќе бидат подложени на хируршки интервенции.

– Самиот сторител е надвор од животна опасност, потврди Хрстиќ.

Би можело да ве интересира

Пожар во стан во Загреб, пронајдено e изгорено тело под туш

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени на лекување во Загреб

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Ноќен марш во Загреб: „Ниту една работничка не ни е туѓа“

Жител од Јосифово со нож рани познаник, насилникот заврши во станица

Легендарниот ракометар на Вардар утре ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите

А1он