Во Унгарија уапсени 1.233 илегални имигранти од Косово

Од:

Полицијата во унгарската област Чонград вчера уапсила 1.233 Косовци, кои нелегално ја поминале српско-унгарската граница.

Косовците заедно со 36 илегални имигранти од Авганистан, од Пакистан и од Сирија се предадени на унгарската имиграциска служба.

Поради се поголемиот број баратели на азил унгарската владејачка партија ФИДЕС вчера ги повика граѓаните да се изјаснат дали се согласни за измени на законот, со кои ќе се дозволи протерување на илегалните имигранти од Унгарија. Партијата наведува дека земјата не може да ги поднесе економските последиви од приемот на голем број илегалнми имигранти ниту може да им обезбеди работа.

Градоначалникот на пограничното село Ашотхалом, Ласло Тороцкај пред неколку денови предложи изградба на заштитна ограда на унгарско-српската граница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија