Во Украина против Русија заминале да војуваат 150 а загинале 53 албански државјани

Од:

Според најновата статистика на руското министерство за одбрана, за учество на, како што ги нарекува, странски платеници, што се борат на страната на Украина, од почетокот на војната досега на страната на Украина заминале да војуваат 150 албански државјани.

-Од објавената статистика од почетокот на инвазијата во Украина, на 24 февруари годинава, заминале 150 лица од Албанија, од кои 53 загинале. Во билансот стои и дека 47 албански платеници досега ја напуштиле Украина, а 50 остануваат да војуваат, јавија албанските медиуми.

Во јули 2014 година, албанскиот парламент усвои измени на кривичниот закон, со цел да биде опфатено учеството во војни на странските боиште, за што е предивдена казна затвор во траење до 15 години. Законот беше донесен по учеството на албански државјани на страната на терористичката ИД, во Сирија и Ирак, каде војуваа над 150 албански државјани а загинаа седумдесеттина.

Медиумите пренесуваат бројки и за платеници од Косово, од каде на украинска страна заминале да се борат 156, загинале 72, ја напуштиле 65, додека 19 останале да војуваат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он