Во Турција се урна воен авион „Тураз Фалкон 2015“, двајцата пилоти загинаа

Од:

Во текот на заедничките воени вежби на турските и азербејџанските военовоздухопловни сили, во близина на Конија се урна турски воен авион „Тураз Фалкон 2015“.

Во несреќата загинале двајцата пилоти во авионот.

Според првичните информации од теренот, леталото се урнало во близина на населбата Караташ.

Гувернерот на Конија, Муамер Ерол, изјави дека еден пилот скокнал од авионот, а дека по вториот се уште се трага.

Турските вооружени сили издадоа соопштение во кое се наведува дека „двајцата млади пилоти погинаа како маченици“, изразувајќи сочувство до семејствата на пилотите, до вооружените сили и до турскиот народ.

Падот на турскиот авион уследи на само три дена откако Грција изрази протест заради тоа што Турција резервира голем дел од воздушниот простор над Егејско Море за воените маневри до крајот на оваа година.

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Констандинос Кутрас, изјави дека Турција еднострано издала официјално предупредување – НОТАМ, дека за воените потреби од 2 март па се до 31 декември, резервира широк воздушен простор над Егејско Море. Следниот ден Турција го повлече барањето, објаснувајќи дека било испратено по грешка.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција