Во Турција и за Рамазан остануваат на сила строгите заштитни мерки

Од:

Турција ќе продолжи со делумните ограничувања за да го спречи натамошното ширење на коронавирусот, поради зголемениот број случаи на инфекции и смртност, најави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Продолжува полицискиот час од 21 до 5 часот наутро, рече Ердоган по состанокот на владата во претседателскиот комплекс, што траеше повеќе од три часа, пренесе агенцијата Анадолија.

Како дел од мерките, Ердоган кажа дека, исто така, ќе биде ограничено работењето на рестораните и кафулињата што ќе можат да работат со максимум 50 проценти од капацитетот.

-Градовите што се соочуваат со многу висок ризик од коронавирус ќе имаат полициски час за време на викендот, додаде турскиот претседател.

Тој посочи дека од вкупно 81 турски провинции, во 58 или 80 проценти од населението, е класифицирано како многу ризично на коронавирусот.

Категоризацијата на покраините со низок, среден, висок или многу висок ризик се базира на стапката на инфекција и вакцинацијата против коронавирус, што во земјата почна на 14 јануари.

-За време на месецот Рамазан, кој годинава почнува на 14 април, собирањата за сахур и ифтар, што се одржуваат пред и по постот, се забранети во земјата, соопшти турскиот претседател.

Покрај тоа, рече Ердоган, во текот на светиот месец низ цела Турција ќе се воведe карантин за време на викендите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски