Во Тирана средба на министрите за внатрешни работи од Балканот

Од:

Во Тирана денеска почнува дводневна средба на министерите за внатрешни работи од регионот на западен Балкан на која ќе се дискутира за тероризмот, соработката за негово спречување, како и за други безбедносни прашања.

Како што јави дописникот на МИА, на средбата, која следува по онаа организирана минатиот месец во Вашингтон од страна на американскиот Стејт департмент, ќе присуствуваат претставници од дванаесет земји, каде освен од државите од западен Балкан, ќе учествуваат и делегации на земји од ЕУ и САД, чиј претставник е заменик државниот секретар за цивилна безбедност, Сара Севал.

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, во пресрет на средбата за Гласот на Америка (ВОА) зборуваше за мерките превеземни од страна на неговата земја за спречување на тероризмот и вклученоста на албанските држави во воени конфликти надвор од земјата.

– Мерките кои ги превзедовме во Албанија доведоа до тоа денес да зборуваме за нула број на лица кои заминуваат да учествуваат во војна, која не е наша војна. Тука секако е измената на кривичниот законик со која се предвидуваат високи затворски казни за оние кои ќе учествуваат во туѓа војна. Сепак тоа не е доволно за Албанија, како што е недоволно и за регионот, изјави Тахири.

Високата американска гостинка синоќа се сретна со шефот на албанска држава Бујар Нишани.

– Убеден сум дека дводневниот прв балкански самит посветен на борбата против насилниот екстремизам јасно ќе ги одреди идните мерки за соработка меѓу локалните, регионалните и глобалните актери и ќе се договори неопходната стратегија во тој правец, изјави Нишани.

Од своја страна Севал виоско ја оценила подготвеноста на Албанија да организира ваква средба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“