Во Тирана промоција на табелата за развој на Југоисточна Европа

Од:

Секретаријатот на Советот за регионална соработка на Југоисточна Европа (ЈИЕ) на маргините на годишниот состанок во Тирана, денеска официјално ќе ја претстави табелата за развој на регионот СЕЕДС.

Табелата претставува исцрпна, но едноставна Интернет платформа, која му овозможува на кој било корисник да го следи спроведувањето на развојната стратегија на регионот „ЈИЕ 2020“.

Табелата освен тоа содржи и резултати од испитувања на јавното и деловното мислење за стопанските и општествените прилики во регионот во целина, како и во секоја одделна економија.

Стратегијата „ЈИЕ 2020“ на Советот за регионална соработка, која во ноември 2013 година ја усвоија владите на земјите од регионот, претставува регионален одговор на развојните предизвици, а нејзината цел е да се сменат негативните трендови и да се поттикне раст и вработување.

Табелата ќе биде составен дел од интернет страницата на Советот за регионална соработка и ќе им овозможи на граѓаните и на стопанствениците од ЈИЕ на едноставен начин да следат како нивните влади напредуваат во остварувањето на целите на стратегијата ЈИЕ 2020, како и да го споредуваат напредокот, кој го остваруваат стопанствата во регионот.

Претставувањето на платформата за табелата за развој на ЈИЕ во Тирана е дел од серијата состаноци, чиј домаќин е албанското претседелство со Процесот за соработка во ЈИЕ. Исто така ќе се одржи и состанок на Управниот одбор на стратегијата ЈИЕ 2020 и годишен состанок на Советот за регионална соработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“