Во Тирана ќе се одржи заедничка седница на албанската и косовската Влада

Од:

Во понеделник, на 23 март, во Тирана ќе се одржи заедничка седница на Владите на Албанија и на Косово.

Според информации од албанското Министертво за надворешни работи, на кои се повикуваат медиумите, косовската делегација ќе пристигне во 10,30 часот и по церемонијата на дочек во 10,45 часот, во Конгресната палата ќе почне седницата на двете Влади, која ќе биде отворена за јавноста. Заедничкјата прес конференцијата на премиерот Еди Рама и Иса Мустафа е предвидена за 12,20 часот.

На седницата се очекуваат нови предлози за унапредување на соработката, а ќе биде направен и биланс од досега потпишаните меѓувладини договори, за тоа што до сега е реализирано.

Конкретно, на седницата ќе стане збор за веќе потпишаните договори меѓу министертвата за образование, здраство, култура, економија, замјоделие и социјала.

Првата заедничка седницата на Владите на двете земји беше одржана на 11 јануари 2014 во косовскиот град Призрен, каде во 1878 година е формирана Призренската лига, која се залагала за создавање албанска држава, која би ги опфаќала сите територии на кои живеат Албанци.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски