Во Тирана ќе се одржат антивладини протести

Од:

Одржување голем антивладин протест за денеска најави албанската опозиција, а повик за учество во истиот упатија и обединетите албански синдикати.

Протестот ќе почне напладне на плоштадот „Скендер бег“ а потоа насобраните ќе продолжат преку плоштадот „Народни херои“ до пред зградата на Владата.

Како што сопшти полицијата превземени се сите мерки за нормално одвивање на протестите.

Лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша изминатите денови имаше средби со граѓаните во поголемите градови од каде упатуваше апел за што помасовно учество на протестите. Апел упати и доцна синоќа.

– Масовно да излеземе на денот на националните протести за економските и социјалните права на албанските граѓани. Сите заедно да протестираме против зголемувањето на даноците и цената на струјата, невработеноста и сиромаштијата. Сите заедно да ги заштитиме семејствата, работата, училиштата и здравјето, порача Баша.

Според него треба да се протестира за заминување на Владата, која„е сојуз на измамници, криминал и корупција“.

На протести повика и претседателот на Обединетите албански синдикати Гезим Калаја.

Албанската опозиција, предводена од демократите на Љуљзим Баша, на мирниот антивладин протест одражан во средината на февруари годинава во Тирана собра околу 200.000 граѓани а слична бројка имаше и на протестот одржан во средината на мај. На денешниот протест организаторите очекуваат таа бројка да биде двапати поголема, бидејќи истиот е поддржан и од сидникатите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја