Во Србија денеска е надмината бројката од два милиони вакцинирани луѓе објави вечерва на Инстаграм премиерката Ана Брнабиќ.
„Ова е заеднички успех, на одговорноста на граѓаните и на способноста на државата да набави вакцини“ – напиша Брнабиќ.
Од друга страна Србија и натаму има огромна бројка новозаразени на днево ниво. Денеска повотрно беа регистрирани над 4000 нови случаи. Затоа Брнабиќ најави нови мерки. Таа денеска имаше состанок сдо Кризниот штаб.