Во Србија почна имунизацијата со вакцината Спутник V, први ја примија Дачиќ и Вулин

Од:

Претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек ја примија руската вакцина за коронавирус Спутник V во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак во Белград.

– Вакцината мора да има две основни својства, според заклучоците во Европската унија и Светската здравствена организација – да биде ефикасна и безбедна. Наше не е да разговараме сега за стручни прашања. Дека вакцинацијата е неопходна и плодотворна, покажуваат и примерите на некои големи болести кои беа искоренети благодарение на неа. Против Ковид можеме да се бориме со вакцини ако тие се ефикасни и безбедни.Сметам дека би било сосема погрешно да се појавуваат теории на заговор што можат лошо да влијаат на јавното здравје, изјави Дачиќ.

Инаку, на 24 декември, премиеката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон беа први кои се вакцинираа против короната, а ја примија вакцината Фајзер.

Тогаш почна вакцинацијата на корисниците на домови за стари лица, а од вчера и здравствените работници примаат вакцина против короната. Планот е да се вакцинираат 11.000 лица до крајот на неделата.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Дачиќ: Спасувачите се обидуваат да извлечат жена и девојче

Дачиќ: Откриена е голема измама, жртвите останале без милиони евра

Горан Наумовски

Дачиќ на средба со Мицкоски, разговарале за унапредување на односите

Предраг Петровиќ

Клинаку: Рамадани побегна од домашен притвор затоа што македонските власти сакаат да го екстрaдираат во Србија

Дачиќ: Бегството на терористот и воен злосторник Рамадани е скандалозно