Во Србија од полноќ почнува изборен молк

Од:

Во Србија од полноќ почнува изборен молк пред вонредните парламентарни, редовните претседателските и редовните локалните избори за Град Белград и 12 локални самоуправи, кој ќе трае до недела, 3 април, до 20 часот, кога се затвораат избирачките места, јави доспиникот на МИА од Белград.

За време на изборниот молк се забранува изборна пропаганда, одржување предизборни собири на јавни места и објавување проценки за изборните резултати.

Забрането е истакнување симболи на политички партии и друг пропаганден материјал на гласачките места и на 50 метри од нив.

Доколку не се почитува оваа одредба, избирачкиот одбор по закон се распушта, а гласањето се повторува на тоа избирачко место.

Во Србија годинава се смени Законот за електронски медиуми со кој се забрануваат функционерски кампањи, па на медиумите им беше забрането од 24 март до 1 април да известуваат за активностите на функционерите кои се и кандидати на изборите од отворањето на инфраструктурни работи и објекти.

Гласачите на предвремените парламентарни избори во недела од 07 до 20 часот ќе можат да гласаат за 19 листи, за осум претседателски кандидати, а Републичката изборна комисија е должна најдоцна до 7 април до 20 часот да ги објави официјалните резултати.

На парламентарните избори, според пропорционалниот систем, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Право на глас имаат 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места.

Според важечкиот Изборен закон, Република Србија претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распределуваат пропорционално на бројот на освоени гласови. Политичките партии на националните малцинства при распределбата на мандатите, кои доколку не го надминат изборниот праг од 3 отсто, подлежат на „природнен праг“, кој се добива кога бројот на важечки гласови ќе се подели со 250 пратеници за секое место, што во зависност од излезноста на изборите, претставува меѓу 12.000 и 16.000 гласови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија