Во Србија 27 нови случаи на заболени, вкупно потврдени 249 случаи на коронавирус

Од:

До 23 март во 15 часот во Србија регистриани се вкупно 249 потврдени случаи на коронавирус.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, епидемиологот Предраг Кон на прес конференција во владата соопшти дека бројката на новотестирани изнесува 61 лице, од кои 27 биле позитивни и 34 негативни на вирусот Ковид-19.

Од 27-те нови случаи, деветнаесет од нив се хоспитализирани и се во стабилна состојба, додека осум се наоѓаат на домашно лекување.

Вкупно хоспитализирани се 125 лица, од кои на респиратори се ставени шеснаесет лица, изјави Кон.

Досега во Србија од коронавирусот се излечени три лица, изјави тимот на медицински експерти кои од вчера ги држат прес конференциите во српската Влада.

Во националната референтна лаболаторија на институтот Торлак тестирани се вкупно 822 лица, кои имаат исполнето критериумите за дефинирање на случаевите, соопштија од министерството за здравство.

Денес во 17 часот членовите на економскиoт и здравствен кризен штаб за сузбивање на коронавирусот и тимот на лекари од Кина ќе се сретнат со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, по што во 18 часот претседателот Вучиќ ќе одржи прес конфееренција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград