Во Сплит в сабота ќе се одржи геј парада

Од:

Во хрватскиот крајбрежен град Сплит четври пат ќе биде организирана геј парада, која ќе се одржи в сабота, а поддршка на настанот му дадоа организаторите на загрепската Парада на гордоста, кои се подготвуваат за сличен настан на 14 јуни.

Организаторите на геј парадата во Загреб посочија дека случувањата во Сплит в сабота претставуваат борба за рамноправност, достоинство и правата на ЛГТБ заедницата (лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци).

– Хомофобијата секоја година сите не чини милиони куни и тоа треба да запре. Слободен и антифашистички Сплит, кој ќе учествува на геј парадата е иднината на нашата земја, која ни припаѓа на сите нас, солидарни борци за целосна еднаквост, изјавија органиаторите на загрепската геј парада.

Полицијата во Сплит ги повика денеска сите да се однесуваат одговорно на настанот оваа сабота, избегнувајќи конфликти или напади врз геј заедницата. На претходните три геј паради полицијата уапси 27 лица поради насилство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Снег во Хрватска: Заглавени камиони