Во Солун ќе се гради тематски парк за Александар Велики

Од:

 Во Солун ќе се гради тематски парк посветен на Александар Велики, јави дописникот на МИА од Атина.

Овој амбициозен план го соопшти заменик-гувернерот на грчката област Централна Македонија, Јоргос Цамаслис, кој е одговорен за Солун, информирајќи дека паркот ќе зафаќа површина од 30 хектари.

Проектот е насловен „Александарленд“, а посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со животот на македонскиот крал од неговото раѓање, детството, преку образованието и обуката, до неговите походи за освојување на светот, соопшти Цамаслис.

Паркот ќе изобилува со интерактивни екрани, симулации на борби, аудио-визуелни презентации и изложби. Студијата за паркот им е доверена на експерти од универизтетот Аристотел, а за финансирање на изградбата ќе бидат поканети и заинтересирани меѓународни инвеститори.

Би можело да ве интересира

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски