Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп

Од:

Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на бронзената статуа на Меланија Трамп, која ја замени дрвената статуа уништена од пожар во 2020 година, пишува Гардијан. Бронзената статуа, прикажана во природна големина, била поставена на трупецот во приватно поле во нејзиниот роден град Севница.

Според полицијата и креаторот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата била отсечена до глуждовите и украдена. „На 13 мај е примена пријава за кражба, а полициски службеници веднаш излегле на местото и започнале истрага“, изјави вчера портпаролката на полицијата Аленка Дреник Рангус.

Дауни рече дека дознал за исчезнувањето додека подготвувал нов проект во Германија и изразил жалење поради загубата на статуата. Тој исто така изјавил дека бронзената статуа била наменета како анти-споменик и антипропаганда и дека ја заменила изгорената дрвена скулптура.

Оригиналната дрвена скулптура ја прикажува Меланија во син фустан и потпетици, а ја изработи локалниот уметник Алеш Жупевц со моторна пила. Бронзената статуа беше поставена на крајот од првиот мандат на Доналд Трамп, додека тој водеше кампања за реизбор. Беше зајакната со бетонски и метални прачки на приватно земјиште. Истрагата за исчезнувањето на статуата е во тек.

Титулата на Меланија како прва дама ги разбуди надежите во нејзиниот роден град дека Доналд Трамп би можел да ја посети Словенија, што досега не се случило, а во Севница и беа посветени разни производи како колачи, чоколадо, мед и влечки.

Би можело да ве интересира

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Доналд за документарецот на Меланија: И реков – нема место за две ѕвезди во семејството

А1он

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он

Словенија се подготвува да забрани користење на социјални мрежи за помлади од 15 години

А1он

Меланија Трамп: Во контакт сум со тимот на Путин за враќање на украинските деца