Во Словенија уапсени две лица кои се бореле за исламските екстремисти

Од:

Словенечката полиција во Љубљана и Врхника приведе две лица, кои наводно се бореле на страната на исламските екстремисти во Сирија и заплени поголема количина оружје.

По приведувањето тие се пуштени на слобода, бидејќи според надлежните не претставуваат опасност за Словенија, а ќе бидат казнети поради незаконито поседување на оружје.

Станува збор за словенечки државјани кои под влијание на Билал Босниќ преминале во ислам. Според тврдењата на словенечките медиуми, кои се повикуваат на разузнавачки извори од државата, безбедносните служби се сомневаат дека под влијание на екстремниот ислам се уште најмалку 15 нивни државјани.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски