Во Словенија полуматурантите годинава нема да го полагаат државниот испит

Од:

Оваа година за прв пат откако е воведен, полуматурантите нема да го полагаат државниот испит, најави министерката за образование Симона Кустец.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ваквата одлука е донесена поради прекинот на образовниот процес предизвикан од епидемијата на коронавирусот.

Што се однесува до полагањето на матурата, засега е донесена одлука таа да се одложи за еден месец, па така наместо 5 мај, ќе се одржи на 1 јуни за писмениот и 14 јуни за усниот дел.

Заводот за образование на Словенија на наставниците и професорите им даде и насоки како да го оценуваат учениците, имајќи во предвид дека образовниот процес продолжи во домашни услови.

Засега не се знае дали и кога ќе продолжи редовната настава, а некој предвидувања се дека оваа учебна година е веќе изгубена, а учениците во школските клупи ќе седнат дури до септември.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг