Во Северна Митровица денеска се одржа протест поради барањето на Обвинителството во Приштина притворот на уапсениот Слаѓан Трајковиќ да му биде продолжен за уште два месеци, јавува Косово онлајн.
Трајковиќ е поранешен припадник на косовската полиција, а беше уапсен на 15 декември минатата година во Северна Митровица, под сомнение дека наводно учествувал во воени злосторства во Вучитрн во 1999 година.
Неговиот адвокат Дејан Васиќ вели дека одлуката за продолжување на притворот треба да се донесе денеска или утре.
„Инсистирав денес да се соберат неговите пријатели за судот во Приштина кој треба да донесе одлука да има ваква слика и да има предвид дека со поблага мерка кривичната постапка може да се одвива непречено. Она што го бараме е да му се дозволи на Слаѓан да дојде дома и да се бори против лажните обвинувања против него“, рече Васиќ.
Васиќ истакнува дека Трајковиќ е во многу сложена здравствена состојба, со хронични заболувања поради кои е приведен.