Во сефот на Тито, богатство на Караѓорѓевиќ

Од:

Семејството Караѓорѓевиќ се уште го чека извештајот на Државната комисија за содржината во сефот на Тито, бидејќи бараат да им се врати она што им припаѓало на членовите на династијата.

Членот на Државната комисија, Оливер Антиќ изјави дека сите предмети кои што се пронајдени во сефот се приватна сопственост на семејството Караѓорѓевиќ, уште од времето на кралот Александар, и кралицата Марија.

Драгомир Ацовиќ, член на кралскиот Совет очекува членовите на семејството да побараат да им се врати она што е нивно, но истакна дека е многу важно да се одговори на прашањето, како тие предмети завршиле во сефот на Тито.

-Прашањето е на која основа предметите кои што се сопственост на Караѓорѓевиќ се сместени во депото на НБС. Во него се чува државен имот и не можеме ниту вие, ниту јас нашето богатство да го сместиме таму-вели тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска