Во Сараево е пронајден Хрват од Шибеник кој исчезна пред две години

Од:

Хрватскиот државјанин Виктор Жерјав, чие исчезнување беше пријавено уште во 2020 година, е пронајден во Сараево, потврдија полициски извори во БиХ.

Како што се наведува во соопштението доставено до медиумите, Жерјав го пронашле полициските службеници на Полициската управа на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФУП). Хрватската полиција по него има распишано таканаречена Жолта потерница.

По утврдувањето на идентитетот и интервјуто, Жерјав е предаден на Службата за работи со странци, која работи под Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина. Тој е пријавен како исчезнат на подрачјето на Шибеник на 4.8.2020 година.

Во националната евиденција за исчезнати лица на Министерството за внатрешни работи на Хрватска, стои дека Жерјав е роден 1964 година во Загреб и живее во Шибеник, а околностите под кои исчезнал се поради авантуризам.

Би можело да ве интересира

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Сараево – најдепресивен град на Балканот

А1он

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, исчезнат е веќе осум дена

Четири дена нема трага од 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино