Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Од:

Во Република Српска денеска без струја се 50.000 домаќинства, изјави портпаролот на „Електрокраина“, Предраг Клинцов.

Најтешка е состојбата во Кнежево, Котор Варош, поширокиот регион Мањача, Рибник и Купрес каде, како што нагласи Предраг Клинцов, електричарите воопшто немаат пристап до локациите на дефектите поради затрупаните патишта, особено во ридските и планинските и шумските предели.

„Апелираме до надлежните да соработуваат за да стигнат до среднонапонските далноводи кои се прекинати. Дел од монтажните екипи од Градишка и Србац се пренасочени како помош во општина Прњавор, која речиси цел ден беше без струја поради дефект на високонапонскиот далновод на Електропренос БиХ“, изјави Клинцов во изјава за РТРС.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он