Во Приштина се очекуваат конечните резултати од вонредните парламентарни избори

Од:

Централната изборна комисија на Косово треба денеска да ги објави конечните резултати од вонредните парламентарни избори одржани на 8 јуни.

По признавањето на официјалните изборни резултати, собранието на Косово треба во рок од 30 дена да одржи конститутивна седница. Официјално признавање на резултатите од изборите може да биде откако ќе завршат сите жалбени процеси на политички партии. Тој процес може да трае најмногу пет дена и поради тоа резултатите од изборите не може да се верификуваат пред 2 јули.

На правата седница на парламентот на Косово се очекува да се гласа за нов претседател на парламентот и пет потпретседатели. Напоредно со тоа, претседателската на Косово Атифете Јахјага треба да даде мандат на мандатарот за формирање влада. Мандататор има рок од 15 дена да состави влада.

Според прелиминарните резултати на Изборната комисија објавени на 9 јуни, Демократската партија на Косово и лидерот Хашим Тачи оствари изборна победа со 30,72 отсто гласови. Следува Демократскиот сојуз на Косово со 25,72 отсто, а трети се Самоопределување со 13,51 отсто. Алијансата за иднина на Косово и лидерот Рамуш Харадинај добија 9,58 отсто гласови, а во парламентот на Косово влегуваат и Иницијатива за Косово со 5,24 отсто добиени гласови.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица