Министерката конференција на државите од Западен Балкан – Western Balkans 6, што ќе се одржи денеска во Приштина, ќе промовира соработка меѓу државите во регионот.
Конференцијата се одржува по форумот во Берлин на државите од тој регион одржан под покровителство на германскиот канцелар Ангела Меркел со цел промовирање на економска соработка.
Учесници на конференцијата ќе бидат министри за надворешни работи и инфраструктура од државите од регионот како и европскиот комесар за соседска политика и за проширување Јоханес Хан, а европската комесарка за транспорт Виолета Булц ќе се обрати преку видео порака.