Вo поплавените региони во Хрватска има 117.000 кубни метри отпадоци

Од:

Во поплавените региони на Хрватска во моментов има околу 117.000 кубни метри отпадоци што треба да се отстранат, изјави за Хрватското радио министерот на животна средина Михаел Смајловиќ.

За да потенцира за колку големо количество станува збор. хравтскиот министер рече дека за транспортирањето на овие отпадоци се потребни 11.700 камиони, што собираат по 10 кубика.

Министерството за животна средина направило план за расчистување на поплавените региони, што вклучува собирање на отпадоци од домаќинствата, расчистување на јавните површини и ревитализација на поплавената депонија во Гуња.

Според генералните оценки, за отстранување на отпадоците ќе бидат потребни меѓу пет и 6,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег