Нова трагедија го погоди денска Петриња. Животот го загуби волнтер кој помагал во санацијата на штетите. Тој паднал од кровот кој го поправал на една од оштетените куќи.
Пожарникарите и Итната помош се обиделе да му помогнат, но реанимацијата била неуспешна. 57-годишниот човек бил поранешен специјалец во пензија.
На семејство чиј дом бил уништен во земјотресот му ја подарил сопствената камп куќичка, а денеска помагал во санацијата на кровот што се покажа кобно за него.