Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Од:

Во Панчево имало неиспровоциран тежок физички напад врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца Срби кои застанале во нивна одбрана, соопшти Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Станува збор за напад што се случил на 13 април во Панчево, Србија. Од хрватското Министерството велат дека овој чин кој бил јасно национално и етнички мотивиран.

„МВЕП очекува итна и јасна јавна осуда на овој напад од страна на официјалните лица на Република Србија, бара итно доставување на сите релевантни информации поврзани со дејствијата на полицијата и правосудните органи на Република Србија во конкретниот случај и очекува соодветна казна на сторителите“, се наведува во соопштението на МВЕП.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор