Во Македонија во акцијата „Вардар“ запленети меѓу 300 и 400.000 фалсификувани евра

Од:

Во Србија уапсени се шест лица членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела – фалсификување пари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Министерот Ивица Дачиќ рече дека полициските службеници на Службата за борба против организираниот криминал, во соработка со полициските службеници од С. Македонија и Европол, во рамки на големата акција под кодното име „Вардар“, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал денеска на територијата на Србија (Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор, Суботица) уапси вкупно шест лица.

При апсењето била пронајдена поголема количина фалсификувани пари.

Се вршат претреси на повеќе локации, досега се запленети околу 180.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 200 евра.

Во претходниот период при работата запленети се околу 120.000 фалсификувани евра, што е вкупно околу 300.000 фалсификувани евра.

„На територијата на С. Македонија запленети се меѓу 300.000 и 400.000 фалсификувани евра и пронајдена машина за печатење фалсификувани пари. Во тек е натамошна акција“ – додаде Дачиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маж од Ресен, вработен во македонското МВР произведувал лажни евра

Горан Наумовски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Скопјанец фалсификувал пари, заработи кривична од МВР

Во Велес откриени фалсификувани долари

А1он

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

Фалсификувани банкноти од 2.000 денари кружат низ државава, предупредува НБРМ

Катерина Ѓуровски