(ВИДЕО) Маж од Ресен, вработен во македонското МВР произведувал лажни евра

Од:

Полициски службеници од ОСОСК при македонското Министерство за внатрешни работи и косовската полиција, како дел од Заедничкиот истражен тим помеѓу Основното јавно обвинителство Скопје и Специјалното јавно обвинителство на Република Косово, вчера (4.8.) на косовска територија го приведоа лицето Ш.Д. (34) од Ресен, вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“.

„Исто така беа извршени претреси на три локации, при што се пронајдени и одземени: две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски