Во Макарска изработена божикна честитка долга 201 метар

Од:

Децата од хрватскиот приморски град Макарска годинава изработија божикна честитка долга 201 метар, со што го урнаа својот лански рекорд за најголема честитка за Божик во Хрватска.

Минатогодишната божикна честитка на децата од Макарска беше долга 197 метри.

Новата рекордна честитка, во чија изработка учествуваа 300 деца од градинките и основните училишта во Макасрка, вчера беше послана на една од улиците во центарот на градот.

За изработка на честитката, со која на своите сограѓани им посакуваат весели божикни и новогодишни празници, на децата им биле потребни неколку дена.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ