Во Куќата на цвеќето се одбележува роденденот на Јосип Броз Тито

Од:

Уште од раните утрински часови голем број на луѓе кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито се собираат пред Музејот на историјата на Југославија за да го одбележат роденденот на единствениот маршал на Југославија или Денот на младоста. 

Поголемиот број од нив се повозрасни личности кои живееле во времето на неговото владеење, пишува српски „Блиц“.

Прикладно, облечени во униформи со штафети или цвеќе во рацете, веќе 36 години колку што изминаа од неговата смрт, не го пропуштаат овој ден за да го посетат титовиот гроб во Куќата на цвеќето и на некаков начин да му се оддолжат за животот што го живееа во времето кога тој управуваше со Југославија. 

– Ова е единствениот ден кој ме потсетува на убавите времиња, а вчера напишав и песна, вели Јелена Пивљанка, која денеска дојде во Куќата на цвеќето за да оддаде почит.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска