Во косовските затвори за 20 години починале 67 затвореници, 16 се самоубиле

Од:

Косовскиот Совет за заштита на човековите права и слободи (КМДЛЊ) објави денеска анализа за состојбата во затворите во однос на смртните случаи, според која во изминатите 20 години во казнено-поправните установи во земјата починале 67 затвореници.

Според податоците на КМДЛЊ, во периодот од завршувањето на војната во Косово во 1999 година до денeска (9 септември), во косовските затвори се евидентирани 16 самоубиства на затвореници, додека причина за смртта на останатите 51 била болест.

Повод за анализата, насловена „За смртните случаи и самоубиства во косовските затвори 1999-2019“, е последниот случај на самоубиство на 23-годишен затвореник од Вучитрн во затворот Дубрава, што се случи на 5 септември, по што е отворена истрага за одговорноста на затворските служби, а двајца од службениците се суспендирани до целосното расветлување на случајот.

Сепак, тврди КМДЛЊ, „и покрај извесни пропусти и грешки, Корективната служба на Косово е најдобра служба споредено со земјите од регионот“, а истиот став, според неа, го делат и меѓународните организации кои ги мониторираат условите во затворите низ светот.

Косовската невладина организација за човекови права во својата анализа изнесува и споредбени податоци, според кои бројката на самоубиства во косовските затвори е значително помала од онаа во затворите во Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ).

– Доколку ја споредиме бројката на затвореници кои се самоубиле во Косово со истата категорија во САД и ЕУ гледаме дека во Косово на 100.000 затвореници се самоубиле 18. Во САД, на 100.000 затвореници има 100 кои се самоубиле, додека во ЕУ на 100.000 затвореници има 120 до 150 самоубиства, се наведува во анализата на КМДЛЊ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски