Во Косово уапсени три лица осомничени за тероризам

Од:

Три лица осомничени за тероризам се уапсени денеска во местото Генерал Јанкович во Косов, соопштија извори во косовската полиција, дополнувајѓи дека трага по уште едно лице.

Според истите извори, приведените се осомничени за поврзаноста со терористички групи од неколку исламски земји.

Потпаролот на регионалната полициска управа во Урошевац Агим Гаши ги потврди вестите за апсењето, но не изнесе повеќе детали.

– Случајот го води антитерористичката единица на полицијата во Приштина и тие ги имаат сите податоци за апсењето, изјави Гаши.

Извори од полицијата за порталот Коха.нет соопштила дека тројцата уапсени се пренедени во Приштина и во тек е нивно сослушување.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица