Во Косово уапсен уште еден полицаец од српска националност

Од:

Сопругата на уапсениот полицаец Слаѓан Трајковиќ изјави дека во јужниот дел на Митровица и било кажано дека нејзиниот сопруг е уапсен, префрлен во Приштина и обвинет за воени злосторства. Сузана Трајковиќ рече дека околу 18 часот и било кажано дека нејзиниот сопруг бил уапсен.

Таа напомена дека бара само информации дали е вистина дека нејзиниот сопруг е уапсен и каде се наоѓа.

„Имаме информации дека е префрлен во Приштина. Дека не можеме да го видиме и дека е обвинет за воени злосторства“, рече Сузана Трајковиќ.

„Како што гледате, нема правда кон Србите. Овој терот повеќе не може да се издржи“, истакна таа.

Семејството живее во Бошњачка Махала во северниот дел на Митровица и има три деца. Слаѓан Трајковиќ околу 17 часот отишол во продавница и не се вратил. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, оцени дека новото апсење на поранешниот српски полицаец Слаѓан Трајковиќ на Косово и Метохија покажува дека Курти продолжува да ги лови Србите и дека не сака да ги смирува тензиите и да ја деескалира ситуацијата. .

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина