Канцеларијата на Владата на Србија за Косово соопшти дека членовите на Росу пукале во возило во кое се наоѓале двајца Срби и тешко го раниле возачот.
Миљан Делевиќ бил итно пренесен во болницата во Краљево, откако бил застрелан во левата страна на градниот кош и има прострелна рана, додека неговиот совозач Душан С. не е повреден, а целиот автомобил бил изрешетан.
Како што наведува канцеларијата во соопштението, пукањето се случило околу 11:30 часот на дивиот пункт на мостот Бистрица, на главниот пат Косовска Митровица-Лепосавиќ.
„Специјалците Росу немаат што да бараат на северот на Косово, како и на овој контролен пункт, кој е незаконски подигнат, и од кој го малтретираат српскиот народ. Нивната единствена цел е да предизвикаат инциденти и малтретирање на нашиот народ во покраината, што беше демонстрирано денеска“, соопшти Канцеларијата.