Специјалното обвинителство во Косово вчера подигна обвиненија против 32 лица поради регрутирање на луѓе за тероризам. организирање и учество во терористички групи и за неовластено поседување и користење на оружје.
Од 32 обвинети лица, 27 од нив се обвинети за кривичното дело организирање и учество во терористички групи, а неколкумина од нив и за неовластено поседување и користење на оружје.
Две лица се обвинети и за кривичното дело регрутирање за тероризам, а тројца се обвинети за поседување и користење на оружје.
За неколку обвинети лица постои основано сомневање дека се бореле на страната на Исламска држава во Сирија, а неколкумина регрутирале борци за ИД.