Во јуни уште една средба Ципрас – Путин

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во јуни во Санкт Петербург ќе учествува на економски форум, на чии маргини ќе има и приватна средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Оваа информација за руските медиуми ја потврдила спикерката на грчкиот Парламент Зои Константопулу, која од 18 до 20 јуни ќе го придружува Ципрас на конференцијата.

Руските медиуми јавуваат дека поканата за Санкт Петербург ја упатил Путин за време на состанокот со Ципрас во Кремљ, при посетата на грчкиот премиер на Москва на 7 април.

Се очекува Ципрас да биде еден од почесните гости меѓу политичките лидери на форумот.

Економскиот форум во Санкт Петербург се одржува секоја година под покровителство на рускиот претседател Путин, во неговиот роден град.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство