Во Италија уапсени тројца Албанци со 275 килограми дрога

Од:

Тројца албански државјани се уапсени во италијанскиот град Римини, откако кај нив биле пронајдени 275 килограми дрога. Двајцата од нив регуларно живееле во Италија додека едниот престојувал без дозвола. Полицијата трага по четвртото лице кое било дел од групата.

-Запленети се 160 килограми хашиш и 115 килограми марихуана. За да ги затскријат пакувањата со дрога биле испечатени фигури од детските цртани филмови. Идентификацијата на камионот се случила по прислушувањето на членовите на криминалната група, кои ден пред тоа правеле сомнителни движења со возилото, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се италијанската полиција.

Камионот со дрогата се движел во споредни улици а карабинерите ги изненадиле додека пакетите со дрога кои биле скриени меѓу детергенти ги истовариле од камионот.

Истрагата почнала во летото годинава откако биле уапсени двајца браќа Албанци со 1,5 килограми марихуана. На уапсените им е изречена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он