Во Хрватска зголемен број на заболени од „глувчешка треска“

Од:

Градскиот Завод за здравство во Загреб соопшти денеска дека во изминатите неколку месеци регистриран е зголемен број на слуачи на хеморагична грозница со бубрежен синдром или т.н. глувчешка треска, јавуваат хрватски медиуми.

Се смета дека барем една третина заболени се заразени на загрепска Медведница и оти поради топлата зима може да се очекува зголемена активност на глодарите и нови случаи на болеста.

– Заради спречување евентуална епидемија, граѓаните се повикани на зголемена внимателност и за време на престој во природа и по тоа, обврзно да спроведуваат мерки за лична заштита, се вели во соопштение. Тоа е вирусна болест предизвикана од хантавируси кои се распространети на целото подрачје во Европа и Азија.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег