Во Хрватска уапсен еден од шефовите на Земунскиот клан

Од:

Во Хрватска пред неколку дена бил уапсен Филип Корач, пишуваат српските медиуми. Уапсен е поради фалсификување патна исправа, додаваат оттаму.

Тој е во притвор од вторникот. Потерницата за него од Србија беше укината пред две години.

Последен пат за него во јавноста се зборуваше кога беше објавено што изјавувал во Обивинителствот Вељко Беливук на почетокот од февруари годинава.

Името на Корач во јавноста често се поврзува со егзекуции на луѓе од криминалното милје во Србија, Црна Гора, па дури и во Германија и Холандија. Во 2016 година во медиумите беше споменуван како организатор на нередите на трибините на ФК Партизан.

Корач, наводно, е евидентиран во МВР за наводни тешки повреди, фалсификување пари, кражби, рекетирање, нелегален обид за преминување на граница, трговија со дрога.

За тие дела тој никогаш не бил осуден, а единствена причина поради која бил уапсен и приведен на распит во Зворник е убиството на Чедо Ѓокиќ, но набрзо бил ослободен, пишува Телеграф.

Како главен човек за бизнисите на Лука Бојовиќ, чиј брат Никола беше убиен од одмазда, Корач е осомничен дека бил активен учесник во мафијашките ликвидации во Србија и затоа требало да биде уапсен во голема полициска акција. Сепак, тој успеал да побегне.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб