Хрватска: Подолго работно време, полесно до отказ

Од:

Во Хрватска од денeска почнува примената на новиот Закон за работни односи донесен и покрај противењето на опозицијата, работодавачите и на работниците.

Со новиот закон работната недела овозможено е да се продолжи на 50 односно 60 часови ако така е утврдено со колективниот договор. Работниците кои работат кај работодавачи со повеќе претпријатија, работодавачот може да ги преместува од една во друга своја фирма и тоа на рок од најмногу шест месеци.

Агенциите на своите работници вработени на одредено време, за времето во кое не се изнајмени ќе мора да им исплаќаат придонеси за минимална плата, но не и да им исплаќаат плата.

Се менува и досегашната одлука која не дозволуваше отказ на бремени жени во случај фирмата да оди во ликвидација.

Отказ ќе може да добие работник кој не задоволува на пробната работа.

Со новиот закон, работниците веќе нема да мора да чекаат еден месец за да покренат синдикални акции поради неисплатени плати.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин