Неколку дена по пронаоѓање на лабораторија за одгледување марихуана, покрај Запрешиќ, во населба покрај хрватскиот град е пронајдена плантажа со марихуана.
Како што пренесе „Вечерњи лист“ при тоа е уапсена 62 годишна пензионерка која е осомничена дека уште од почеток на 2013 година, зад својата куќа садела конопје, а потоа го сушела, ситнела и сокривала во куќата.
Според наводите на Општинското државно обвинителство во Загреб, таа садниците ги добила од шеесетгодишната Андреа Ц, која што веќе е во истражен затвор откако полицијата ја открила нејзината лабораторија за производство на марихуана во Шенковец покрај Запрешиќ.
Поради опасност од повторување на кривичното дело, двете жени се задржани во истражен затвор.
Е. Г.