Заладувањето што го зафати регионот, донесе мајски снег во Хрватска, јави Танјуг.
Снег падна во Горски Котар, Северна Хрватска, а во текот на ноќта врнело и на автопатите во овој дел на земјата.
Снежната граница се спушти на само 700 метри надморска височина. Во други делови на земјата имаше обилни врнежи на дожд, град и силен ветер.