Во Грција во сила новите цени за тестовите за Ковид-19

Од:

Одлуката на грчката Влада за воведување плафон за цените на тестовите за Ковид-19, со цел да се спречи профитерство, стапува во сила, а цените не смеат да бидат над 60 евра за ПЦР тест и над 20 евра за брз тест, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако пред десет дена беше најавено дека молекуларниот тест ќе биде 40, а брзиот 10 евра, сепак на овие цени се додаваат плус 20 односно 10 евра за медицинската услуга, односно за земањето брис, а не е вклучен и данокот на додадена вредност (ДДВ).

Според одлуката потпишана од министерот за развој и инвестиции на Грција, а објавена во Службен весник, за ПЦР тестовите, највисоката цена е 40 евра, плус најмногу 20 евра за земање примерок за анализа, а за брзите тестови, цената не смее да биде над 10 евра и уште 10 да здравствената услуга.

Паралелно, предвидени се и парични казни во висина од 5.000 евра за оние кои нема да ја почитуваат конкретната одлука.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит