Во Грција од следната недела ќе можат да се вакцинираат и деца од 15 до 17 години

Од:

Комисијата за вакцинација на Грција даде позитивно мислење за доброволна вакцинација на децата од 15 до 17 години со согласност од родител или старател, а следната седмица ќе биде отворена платформата за закажување термин, соопштија претседателката на комисијата Мариа Теодориду и генералниот секрар во Минстерството за здравство Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција.

Теодориду ги анализираше научните податоци поврзани со вакцинацијата на децата, рече дека безбеден чекон кон нормалност е вакцинацијата на младите и соопшти дека ставот на комисијата е позитивен, а ќе се користат вакцините со мРНА-технологија (Фајзер и Модерна).

Темисоклеус објасни дека децата на возраст од 15 до 17 години, односно родените по 1 јануари 2006 година, од следната седмица ќе можат да закажат термин, а во понеделник ќе бидат соопштени деталите.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он