Грција: Над 2.500 нови случаи и петмина починати, во земјата има 1.087 заразени со делта-сојот

Од:

Вкупниот број на потврдени нови случаи на Ковид-19 во Грција, за кои е одговорен делта-сојот на коронавирусот, се зголеми на 1.087, откако Националната организација за јавно здравје денеска јави за 219 новозаразени со овој сој.

Во однос на новите случаи, повторно се регистрирани над 2.500, односно 2.604 новозаразени, а починаа пет лица.

Професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција рече дека во изминатата седмица во просек имало по 2.568 случаи дневно, а просечната возраст на новозаразените е 26 години.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти дека за невакцинираните вработени во угостителството и туризмот, задолжителни се два теста седмично, еден рапид и еден селф тест.

За ситуацијата на Миконос објасни дека нема нови кластери и со воведениот полициски час и забрана за музика во угостителските објекти делумно се спречило дополнителното ширење на коронавирусот.

Додаде дека во следните денови ќе биде соопштено дали мерките на островот што се во сила до понеделник наутро ќе бидат продолжени или прекинати.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина