Во Грција беснеат пожари: Огнот се доближува до куќите

Од:

Шумски пожар денеска избувна во грчкиот град Оропос, северно од Атина, а на граѓаните им беше кажано да внимаваат.

Пожарот избувнал во близина на населбата Сикамино нешто пред 15 часот и на местото се испратени 73 пожарникари и 16 возила, додека воздушна поддршка пружале седум авиони и четири хеликоптери.

Во изјава за Катимерини, градоначалникот на Оропос, Јоргос Јасимакис рече дека пожарот стивнува и дека моментално нема активни фронтови, пофалувајќи ја работата на единиците на терен.

Во месноста Врисија на Родос избувнал пожар во близина на куќите, поради што на мештаните им било кажано да бидат во состојба на готовност.

На лице место со пожарот се борат околу 28 пожарникари од осум возила, три авиони и еден хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија повреден во пожарите во Грција: Добил изгореници откако му се запалила приколката

A1on

ВИДEO: Страшни пожари во Грција, 18 тела се пронајдени во шума

ВИДЕО: Пожар и на Крф, наредена е евакуација

ВИДЕО: Грците кренаа авиони и хеликоптери: Пожарот се поблиску до куќите